Сателит успеал да го „фати“ моментот на уништувањетот на две населби во индонезискиот град Палу, административен центар на покраината Централни Сулавези, објави на Instagram портпаролот на Националнот совет за справување со природните катастрофи, Суто Пурво Нугрохо.
Моќниот земјотрес и разорното цунами кои пред десетина дена го погодија индонезискиот архипелаг Сулавези, предизвика свлечишта и лизгање на земјиштето. Со голема брзина потоците кал на својот пат однесоа станбени објекти и други згради, автомобили и стебла во населбите Балароа и Петобо, но и на други места на островот.
Според последните податоци, спасувачите успеале од под урнатините и наносите од кал да извлечат тела на 1.763 смртно настрадани. Околу пет илјади луѓе во моментов се водат како исчезнати. Во петокот и саботата, имајќи предвид дека од некои погодени области уште не се пристигнати сите инфомрации а спасувачките тимови тешко се пробиваат, индонезиски функционери дури изразија стравување дека под наносите од кал и урнатините можеби има и околу 150 илјаи луѓе.
Властите, стравувајќи од ширење заразни болести како тифус и колера поради недостигот од основни продукти и вода, како и временските услови кои погодуваат за брзо распаѓање на телата, повикаа на масовни закопи во најзагрозените области на градот Палу.
Утрото на 28-ми септември земјотрес со магнуда од 6,1 го погиди крајбрежјето на островот Сулавези, недалеку од градот Палу. Подоцна во истата област беше регистриран уште еден моќе потрес со магнитуда од 7,4 како и стотина афтершокови со моќност меѓу 4 и 6 степени по Рихтер. Властите први издадоа а набрзо го повлекоа предупредувањето за цунами, но тоа се урна врз градот Палу со бранови кои достигнувале меѓу два и три метра. До 11-ти септември во Индонезија на сила е режим на вонредна состојба.
https://www.youtube.com/watch?v=-tj7y3rByB4