Во Белград во општината Врачар, во делот на Црвен крст на улицата Видовданска денес се урна зграда лоцирана на парцела до актуелно градилиште. Поради уривање на станбената зграда, во тек е евакуација на станарите.
Како што неофицијално дознава порталот Нова.рс, зградата почнала да се урива затоа што најверојатно биле поткопани нејзините темели од градилиштето лоцирано на парцелата до неа.
Засега нема информации дали има повредени и колкава штета е предизвикана, а според станарите, можно е зградата целосно да се урне и да остави бројни семејства без покрив над главата.
Увидот на инспекцијата е во тек.
https://www.youtube.com/watch?v=H4Rql_AEkf4&t=10s