(ВИДЕО) Се зголеми бројот жртви во џамијата во источен Авганистан

Бројот на смртно настрадани во експлозијата во џамија за којашто се осомничени талибанските бунтовници во источен Авганистан се зголеми на 19 и уште повеќе десетици ранети, соопштија во неделата полицијата и официјални претставници на крајот од крвавата седмица.

Според Басир Бина, портпарол на полицијата во покраината Кост, планински предел до границата со Пакистан, експлозијата се случила кога верниците се собирале на пладневната молитва во џамијата којашто исто така била користена и како центар за регистрирање на гласачите за парламентарни избори закажани за октомври.

Бина додал дека се чини дека експлозијата е резултат на детонација на експлозивна направа претходно поставена во џамијата, а не од страна на активирање на експлозивен појас од страна на бомбаш самоубиец.

Постапката за регистрација на гласачите започна во април и од тогаш следеше низа напади врз центрите за регистрација. Талибаните, коишто го предупредија населението ширум Авганистан да не учествува на изборите, објавија во неделата соопштение во коешто негираат дека стојат зад нападот.

Минатиот месец околу 60 лица беа убиен во самоубиствен напад врз центар за регистрација на избирачите во главниот град Кабул, а одговорноста тогаш ја презема Исламската држава.