
Шест лица се повредени се повредени во пожар кој изби во патнички авион при принудно слетување на московскиот аеродром Шереметјево, објави агенцијата РИА,.
Претходно беше објавено за една жртва и четворица повредени.
„Според прелиминарните информации, неколку лица се повредени. Најмалку десет амбулатни возила се испратени на местото на инцидентот“, соопштија здравствените власти.
Се претпоставува дека најверојатно се запалил моторот на авионот од удар на гром.
Според службата за контрола на воздухопловниот сообраќај Росавијација, пожарот избувнал во авионот од типот „SSJ-100“ на компанијата „Аерофлот“ на летото од Мосвка до Мурманск и се вратил на Шереметјево.