(ВИДЕО) Шефицата на полицијата во Атланта поднесе оставка по смртта на афроамериканец при апсење

Началничката на полицијата во Атланта, во американската сојузна држава Џорџија, Ерика Шилдс, поднесе оставка откако локален црн жител бил ранет при апсење и починал во болница, соопшти во саботата градоначалничката Кејша Ленс Ботомс во текот на прес-конференцијата која ја пренесуваа водечките телевизиски мрежи.

Ерика Шилдс, досегашната началничка на полицијата во Атланта

„Таа одлучи самата да ја напушти началничката позиција во полицијата“, рече Ботомс остакнувајќи дека веќе ја прифатила оставката на Шилдс. Градоначалничката, исто така, истакна дека одлуката стапува на сила веднаш.

Претходно претседателот на NAACP, здружение за промовирање на правата на црното наеление, пречесниот Џејмс Вудол, побара оставка на началничката Шилдс, објави весникот Atlanta Journal Constitution.

Ботомс додаде дека вршител на должноста началник на полицијата на Атланта ќе биде Родни Брајант, кој досега бил заменик на Шилдс, којашто веројатно ќе биде вклучена во развојот на мерките кои треба да доведат до реформи во работата на полицијата.

Како што објави предхотно истражното биро во Џорџија, полициските службеници излегле на терен по повик од ресторан за брза храна во центарот на Атланта во петокот вечерта. Афроамериканецот 27-годишниот Рејшард Брукс, за кого подоцна беше утврдено дека заспал во автомобилот, стоел со своето возило на коловозот, поради што го закрчил сообраќајот.

Жртвата Рејшард Бруск

Полицајците утврдиле со алкотест дека Брукс е во алкохолизирана состојба и се обиделе да го приведат, но тој давал отпор. Еден од полицајците се обидел да употреби електрошокер, но Брукс успеал да побегне со него. Додека бегал тој наводно се обидел да го употреби уредот за зашеметување против полицајците, по што еден од нив истрелал кон него неколку куршуми. Брукс бил хоспитализиран, но лекарите не можеле да го спасат. Еден од полицајците, исто така, бил повредени и му била укажана медицинска помош, но не е соопштено за тежината на неговите повреди.

На видео снимка објавена на социјалните мрежи Брукс на земја крај својот автомобил се бори со двајца полицајци. Иследниците рекоа дека оваа снимка ќе биде вклучена во истрагата. На неа се гледа дека Брукс го зграпчил електрошокерот од едниот полицаец а по неколку секунди им се истргнува на полицајците и почнува да бега. Еден полицаец потоа врз него го употребил својот електрошокер по што излегуваат од кадарот на камерата. Потоа се слушаат истрали и извици „Го имам“. На снимката потоа се гледа како Брукс лежи на земјата.

Зборувајќи на прес-конференцијата за самиот настан, градоначланичката Ботомс истакна дека мисли дека станува збор за „нелегитимно користење на огнено оружје“. Додаде дека смета оти е неопходно да биде отпуштен полицаецот кој пукал во Бруск, додека вториот полицаец кој учествувал во неговото приведување е суспендиран. Имињата на двајца полицајци, кои се белци, сѐ уште не се објавени.

Протестите поради убиството на афроамериканецот започнаа во Атланта во саботата попладнето по локално време. На снимките кои првично од протестот ги емитуваше CNN се гледа дека учестуваат стотини лица, но во прилогот беше најавено дека се очекува изборите да продолжат и во текот на ноќта и да се зголемува бројот на демонстрантите. Тие бараат од властите да се запре спроед нив прекумерната употреба на сила од страна на припадниците на службите за спроведување на редот и да осигураат почитување на правата на афроамериканската заедница.

Претходно овој месец властите во сојузната држава Џорџија обвинија шестмина поранешни и сегашни полицајци во Атланта за прекумерна употреба на сила при приведување на двајца црни студенти. Полицајците кон крајот на мај запреле автомобил во кој биле момче и девојка, ги извлекле од возилото и врз нив употребиле електрошокер. Против двајцата стиденти не биле обвинети за никаков прекршок, а подоцна неколку полицајци вклучени во инцидентот добија откази.

Убиството на Брукс се случи во екот на повеќенеделните масовни протести поради расната нееднаквост во САД кои ги поттикна смртта на 25-ти мај на 46-годишниот афроамериканец Џорџ Флојд кој беше задушен од бел полицаец со недозволен зафат и притисок со коленото врз вратот во Минеаполис. Интересно е што жртвата Флојд и сега обвинетиот за убиство од трет степен полицаец Дерек Шовен заедно работеле како обезбедување на ноќен клуб и имале и претходни конфликти.