(ВИДЕО) Шилегов во видно ‘расположение’ на Антички во Охрид

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, првпат годинава се појави на отворањето на престижната културна манифестација Охридско лето, пренесува порталот Скопје1.

Протоколот го пречека Шилегов и го смести во ложата до претседателот и премиерот.

Ова е првпат Шилегов да дојде на „Охридско Лето“ па видливо беше дека малку е „дезориентиран“ и „видно расположен“ но и „чудно возбуден“, пишува порталот.

Присутните гласно прашуваа „Дали е стабилен? Што му се случува”?

Најверојатно исполнет од сиве овие „состојби“, тој во еден момент почна дури и да прави чудни шеговити гестикулации кога се поздравуваше со премиерот и неговата сопруга, заборави да се поздрави со директорката и нејзиниот сопруг (застанувајќи и потпирајќи се со телото целосно над него), а кога се поздравуваше со претседателот Пендароски, Петре се свитка, искриви и како да легна зад Заев.