-0.2 C
Skopje
недела, февруари 2, 2025

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Кина, има повредени

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди градот Нејџанг во кинеската провинција Сечуан, објавуваат кинеските медиуми. За сега повредени се девет лица.

Како што пренесува порталот „CGTN“, земјотресот е регистриран во 8:14 часот по локално време. Четири повредени лица се во критична состојба, соопштуваат локалните власти.

Заради земјотресот се урнале 20 куќи, додека 11.968 домаќинства останале без струја.

Повеќе од 2.000 спасувачи, меѓу кои и припадници на полицијата, службата за вонредни работи, пожарникари, учествуваат во акцијата за спасување.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 14 километри. Сеизмолозите наведуваат дека веројатностите се мали , овој регион да биде погоден од посилен земјотрес во наредните денови.