Силно невреме, во некои населби и со град, го зафати Скопје.
Драчево беше една локациите најпогодена од градот кој за неколку минути се истури по улиците и во дворовите и буквално ги побеле. Град со дожд паѓаше и во делови од скопско Лисиче.
Жителите на Драчево на социјалните мрежи споделија фотографии и видеа какви последици остави невремето.
Од УХМР уште вчера предупредија дека денес е можно невреме, а стабилизација на времето е најавена за од утре за кога се предвидени температури и до 38 степени.
Надлежните треба да соопштат кој делови од земјава и од главниот град беа најзафатени од невремето и дали има евентуални штети од градот.