(ВИДЕО) Сириската авијација го бомбардирала турскиот воен конвој, тројца загинати

Тројца цивили загинале, а дванеасет се повреден во напад врз турскиот воен конвој кој во понеделникот влезе во сириската покраина Идлиб, објави турското министерство за одбрана.

„Воздушен напад беше извршен врз нашиот конвој кој се движеше кон контролниот пункт број девет. Три цивилни лица загинаа, дванаесет се повредени“, го цитира службената новинска агенциај Anadolu соопштението на министерство.

Турска приватна новинска агенција Dogan (DHA), пренесува дека нападот го извршиле сириските водихоплвни сили. Според агенцијата, турскиот воен конвој се приближил во областа на Хан-Шејхун, меѓу контролните точки во зоната на деескалација.

Нападот, според очевидци, биле изведени близу автопатот по кој се движела турската воена колона.

Претходно во понеделникот сириската државна телевизија Syria TV, повикувајќи се на министерството за надворешни работи во Дамаск, објави дека турските окплопни транспортери ја минале турско-сириската граница кај градот Саракуб, и оти се упатила кон Хан-Шехјун каде што воени дејствија против бунтовниците спроведуваат сириските владини трупи.

Официјална Анкара веднаш остро го осуди нападот кој претставува за неа „кршење на договорот и соработката со Русија“.

Во првиот момент не било јасно дали нападот го извршиле силите на сириската влада или руски воени авиони, но ваквиот развој на ситуацијата означува остра ескалација на тензиите во северозападната покраина Идлиб, каде што сириските трупи од почетокот на август ја обновија офанзивата против бунтивниците и џихадистичките милитанти по неуспехот да се сочува кревкото примирје договорено меѓу Анкара и Мосвка кон крајот на минатата година во Сочи.

Сириската државна новинска агенција SANA објави дека турскиот конвој влегол во Сирија во понеделникот за да им помогне на бунтовниците кои ги поддржува Анкара во градот Хан-Шејхун, кои се опколени од сириските трупи, истакнувајќи дека тоа претставува чин на агресија од страна на Турција врз територијалнито суверенитетт на Сирија.

Напредувањето на сириските војски кон Хан-Шејхун, кој е под контрола на бунтовниците од 2014 година и е последнот нивно упориште во Идлиб, претставува опасност и за бунтовничките позиции во соседната покраина Хама.