![skynews-streatham-stabbing_4909531](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/skynews-streatham-stabbing_4909531.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Појасот на бомбаш-самоубиец кој е најден на напаѓачот кој во неделата изврши терористички напад со нож во кој се повредени три лица во јужен Лондон, бил лажен, се истакнува во соопштението на полицијата на британската престолнина.
„Беше најдена направа која била врзана на телото она осомничениот, беа повикани специјалисти (…) Набрзо беше утврдено дека станува збор за лажна направа. Инцидентот брзо беше препознаен како терористички напад, и претпоставуваме дека е поврзан со исламизмот“, се вели во соопштението на Скотланд јард.
Во неделата попладнето терористот со нож ги нападнал случајните минувачи на улицата Стретам во јужен Лондон. Пред да биде убиен, напаѓачот успеал да рани две лица. Животот на настраданиот маж е во опасност, додека ранетата жена се здобила со помалку сериозни повреди и не е во животна опасност. Уште еден човек е полесно повреден од стаклото кое се распрснало по пукањето на полицајците.
Одделот за борба против тероризмот на Скотланд јард го истражува инцидентот. Според телевизијата Sky News, убиениот напаѓач, чиј иденитет официјално не се соопштува, претходно бил под надзор на полицијата.
Според сознанијата на телевизијата, станува збор за извесен Судеш Аман, кој излегол од затвор во јануари. Тој одлежал половина од тригодишната затворска казна, за „растирање терористички материјали“.
https://youtu.be/9Auq9mYxFEE