![erbas sletuva vo bura](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/erbas-sletuva-vo-bura.png?resize=661%2C357&ssl=1)
Ербас А380, во кој се наоѓале над 100 патници и членови на посадата, синоќа успешно слета на аеродромот Хитроу во Лондон, што беше погоден од бурата Денис.
Пилотот и копилотот имаа тешка задача и под агол го спуштија „џинот“ на пистата.
Свесни дека крилото може да го поткачи тлото, го применија следниот концепт: го спуштаа авионот спроти ветрот и откосо го приземјуваа леталото тешко неколку илјади тони.
Меѓу патниците нема повредени и леталото што пристигна од Абу Даби не е оштетено.