(Видео) Смртта на Принс несреќен случај

Блед, слаб и целосно изгубени. Така изгледал Принс на 20 април 2016 година, еден ден пред да умре од предозираност во Чанхасен, Минесота, што се гледа од снимката објавена деновиве, две години подоцна.
Надзорните камери го снимиле покојниот американски музичар, придружуван од помошникот Кирк Џонсон и лекар Мајкл Тод Шуленберг, како влегува во ординацијата, а видео беше објавено во јавноста откако надлежниот обвинител Марк Мец, вчера потврди дека никој нема да одговори за смртта на Принс, која конечно е официјално карактеризирана како несреќен случај.

Едноставно немаме доволно докази за да обвиниме некого за криминал, рече Мец, кој заклучи дека музичарот мислел дека зема друг аналгетик, но тој погрешно посегнал по пакетчето во кое имало „Фентанил“. Принс веројатно немал поим дека зема фалсификуван лек кој би можеле да го убие. Не постојат докази дека овие таблетки му биле препишани од лекар. Нема ниту докази дека имало било каква намера или мотив да го убијат. Несомнено е дека потезите на поединци од окружувањето на пеачот се чудни, но сомневањата и алузиите не се доволни да се подигне обвинение, рекол Мец.

https://youtu.be/xN2Kk1B3ONI

Принс починал од редозирање со лекот Фентанил, кој е дури 50 пати посилен од хероинот. Аутопсијата исто така потврдила дека музичарот непосредно пред неговата смрт консумирал и аналгетик Викодин. На второто видео се гледа како асистентот на Принс, Џонсон двапати во период од само 90 минути на денот пред трагичниот настан оди до аптека да ги земе апчињата, кои на крајот ја убиле ѕвездата.

При последната посета на доктор Шуленберг, Принс се пожалил исцрпеност и на хроничен замор, а сето тоа го припишува на фактот дека истото утро престанал да ги пие третиот тип на таблети- Тиленол, кој ја ублажува болката, открива истрагата.

Лакрот на Принс, пак, се спогодил со судот и плаил казна од 30.000 долари бидејќи една недела пред смртта на музичарот на неговиот телохранител незаконски му напишал рецепт за Оксикодон, исто така, лек против болки. Но детективите не можеле да докажат дека докторот го сторил тоа со намера да го убие Принс, па и против него не е поднесено обвинение.

На фотографиите од домот на музичарот исто така може да се видат шишенца расфрлани низ речиси сите соби, како и смс пораки разменети меѓу Џонсон и Шуленберг една недела пред смртта на Принс, на кои се чита дека лекарот напишал оти својот син, кој не е медицинско лице, со авион ќе го испрати во Минесота на музичарот итно да му донесе лек кој се користи за лекување на зависност од опијати.