ВИДЕО: Снимен нападот на украинската новинарка која беше брутално претепана

Камерата  од автомобилот на украинската новинарка го снимила почетокот на крвавиот  напад врз неа. Снимката на која се гледа и регистарската табличка на автомобилот на напаѓачите го обиколила целиот свет, пренесе РТ.

Украинската опозициска активистка и новинарка Татјана Черновил, која се занимава со истражување на корупцијата меѓу високите државни функционери, беше брутално претепана и оставена во канал.

Нападот е извршен неколку часа откако Черновил објави напис со имотот на највисоките владини претставници.

Во соопштението на полицијата се вели дека непознати насилници рано изутринава во близина на Киев го застанеле автомобилот на 34-годишната новинарка. го скршиле задното стакло и ја извлекле од автомобилот, а потоа ја претепале и оставиле во канал крај патот.