Курир дојде до видео снимка на која се гледа како гореа бараките на Јавното претпријатие улици и патишта во центарот на градот, веднаш зад трговскиот центар Буњаковец.
В.д. директорот на ЈП „Улици и патишта“ Борис Настов во изјава за Курир вели дека во пожарот кој ги зафати бараките на претпријатието, лоцирани зад ТЦ Буњаковец опожарени се околу 380 м2 работни простории.
Командантот на скопската протипожарна бригада, Владимир Симоновски во изјава за Курир вели дека пожарот кај нив е пријавен во 1:50 минути по полноќ, а видеото од пожарот токму во тоа време изгледа буквално застрашувачки,
Еве како гореа бараките на ЈП „Улици и патишта“ pic.twitter.com/PGkHAatQBG
— Курир (@KurirMK) December 22, 2021