И во соседна Бугарија започна објава на снимени телефонски разговори за политички цели.
Во аудио бомбата која ја објавуваат опозициските левичарски медиуми се слуша гласот на премиерот Бојко Борисов кој за состојбите во земјата разговара со неговиот вицепремиер Томислав Нечев.
Борисов во разговорот за кој има и транскрипт, го обвинува претседателот на Бугарија Румен Радев дека е виновен за протестите и вели дека тоа што го кажува и прави може да го разберат само 120 илјади интелигентни Бугари.
Борисов веќе призна дека разговорот е автентичен тврди дека се работи за приватна комуникација на што опозицијата одговори дека разговор за државни прашања до вицепремиер не може да биде приватен.
Целиот материјал со Борисов во видеото
https://www.youtube.com/watch?v=oKSGPS4cNDc&feature=emb_logo