(ВИДЕО) Солзавец и шок-гранати на протестот во Париз против полициското насилство

Фрнцуската полиција употреби во саботата во Париз солзавец и шок-гранати во текот на протестите против полициското наслиство, откако маскирани демонстранти ја нападнале со пиротехника, камења и подигнале барикади.

Повеќе илјади лица демонстрирале мирно, но неколку помали групи се судриле со полицијата. Два автомобила, мотоцикл и градежни материјали се запалени, соопшти полицијата додавајќи дека поради предизвикување на безредијата уапсени се најмалку девет лица.

Според процените на медиумите, во протестите кои продолжиле вечерта во Париз, учествувале околу 46.000 лица. Истовремено и повеќе десетици илјади луѓе протестираа во Лил, Рен, Стразбур, Бордо, Гренобл и другите градови против ткн Закон за глобална безбедност.

Протестите против законот започнаа минатата седмица, а во меѓувреме оваа седмица беа објавини снимки од безбедносни камери на кои се гледа како на 21-ви ноември во Париз тројца полицајци ги претепуваат црниот музички продуцент Мишел Зеклер, кој се сокрил во студиото откако ги видел полицајците а бил без заштитна маска.

Инцидентот дополнително го разгоре незадоволството поради предлог-законот кој мина во парламентот, за кој се смета дека ќе ги ограничи правата на новинарите и на граѓаните да известуваат за полициската бруталност. Со тој закон би се ограничила можноста да се снимаат полицајци додека ги извршуваат своите должности на масовни протести.

На новинарските здруженија и организации и на активистиет за граѓански слободи, кои ги организираат протестите, им се придружија и крајно левите милиатнти. На протестите учествуваат и здруженија на еколошките активисти како и приврзаниците на граѓанското протестно здружение „Жолти елеци“ кои протестираат против владата на претседателот Емануел Макрон веќе две години.