ВИДЕО: Сопрете го мамурлукот: Пет совети како да направите повторно човек од вас

Мамурлукот е опасен непријател. Кога ќе ви „тргне“ со алкохолот за време на некој провод, тој се заканува и тоа доста сериозно дека ќе ви го уништи утрото, а можно и до наредните пет дена. Еве неколку совети кои ќе ве вратат од „мртвите“.

Нормално дека сите сакаме да се напиеме нешто алкохолно кога сме искочено со нашите пријатели, но мора да се признае дека некогаш знае да ни се „протне“ некоја чаша повеќе од доволното.

Алкохолните пијалоци не се штетни во умерени количества, но се над границата може да направи проблеми.

Мамурлукот можеби е најмал од сите тие проблеми, меѓутоа кога ќе се почувствува неговата разорна моќ, ќе делува како до сега да не сте искусиле ништо полошо.

Бонус на целата оваа мака може да биде и фактот и има големи очекувања од вас. Еве како најбрзо да се вратите во нормалната состојба.

voda

Вода
Тој ден таа ви е најдобар пријател. Алкохолот е познат по тоа да доведува до дехидрација на организмот. Ако во нормални услови човек треба да испие околу два литра вода, тогаш во „мамурен ден“ треба да се испие двојно од количина, па макар и на сила.

Кисела вода
Киселата вода е исто така добра во надоместување на изгубените течности. Покрај тоа, таа помага во подобро варење, што не ќе мора да ја чувствувате мачнината толку.

profimedia-0206749423

Чај од нане или ѓумбир
Некои билки можат да ви бидат големи пријатели во вакви мачни ситуации. Нане и ѓумбир се фантастични за детоксикација и за смирување на слузокожата на желудникот и цревата. Исто така ја стабилизираат работата на црниот дроб.

Банани и солени переци
Пред било што да внесете во вас, важно е да се надоместат изгубените електролити. Банантие и солените переци се совршен прв оброк после „уморен ден“.

banane

Кафе и ацетилсалицилна киселина
Овој микс има повеќе видови на благотворни дејства. Кафето расонува, а било која таблета на овој лек ќе направи доста на неутрализирање на главоболката. Рецептот вели, да ја растворите таблетата во шолја со кафе и да бидете трпеливи.