Македонскиот пливач, Андреј Стојаноски го освои четвртото место во квалификациите во дисциплината 400 метри мешано на Светското првенство за глуви во Бразил.
Стојаноски делницата ја помина со време од 4:55:77 и со ова успеа да обезбеди пласман во финалната трка. Остварувањето на нашиот пливач беше за 22 стотинки послабо од она на третопласираниот Паркин Теренс од Јужна Африка.
Во третата квалификациска група победи Русинот, Оботин Виталиј, пред Роач Марк од Јужна Африка.
Стојаноски денеска оствари одличен резултат во квалификациите на 200 метр слободно откако го освои првото место и вечерва од 21:30 часот ќе плива за медал на Светското првенство во Бразил и во оваа категорија.