(ВИДЕО) Сто илјади грла во еден глас ги пеат химните на Македонија и Вардар

(Фото МИА)

На социјалните мрежи не престанува поставувањето на возбудливи видео материјалите од синоќешниот пречек и прослава во чест на старо новиот ракометен европски шампион скопски Вардар.

Во понеделникот ноќта повеќе од сто илјади луѓе се собраа на на централнииот плоштад Македонија и на во еден глас во чест на спортските херои ги испеаја македонската и химната на Вардар.

„Еден живот, една љубов, за тебе наш Вардаре!“ и „Вардар е нашата партија! Сите сплотени, над 100.000 грла ја пеат химната на МАКЕДОНИЈА! Ежење!“, пишуваат корисниците на социјалните мрежи.

Грандиозноста и одушевувањето на прославата во Скопје не остана без реакција ниту на европската ракометна асоцијација EHF која на своите профили на Twitter и Facebook постави фото и видео строија од овој настан.