Стотици цистерни кои превезувале бензин уништени се во голем пожар во град на границата меѓу Авганистан и Иран, велат надлежните.
Седумнаесет лица се повредени, од кои едно е во критична сосотјба, пренесени се во болница во близина на пограничниот град Ислам Кала во авганистанската провинција Херат, јавија здравствените власти и полицијата.
Вкупниот број настрадани се уште не е познат со оглед на тоа дека итните служби не можат да се приближат поради опасност од експлозии.
Надлежен од граничната полиција за ДПА рече дека една цистерна експлодирала од непознати причини и покренала верижна реакција. Од пожарот се уништени 400 камиони.
На сликите од местото може да се види експлозија, пламен и голем облак црн чад.
„Иран прати 12 противпожарни возила помош за сузбивање на пожарот“, соопшти државата, „но нема помош од воздух“.
„Авганистанските пожарникари побараа помош од воздух од НАТО силите во земјата“, рече провинцискиот гувернер Халид Ќатали.
Додаде дека пожарот предизвикал огромни финансиски загуби.
Полицијата смета дека пожарот настанал од истекување од резервоарот за бензин.