Легендарните британски музичари Мик Џегер и Кит Ричардс најавија дека нивниот бенд Rolling Stones ќе престане да го изведува хитот „Brown Sugar“ поради сѐ почестите критики упатени затоа што овој полувековен музички рокенрол класик наводно се врзува со ропството.
Бендот, кој се подготвува за својата 13-дневна американска турнеја, престана на своите настапи да ја изведува „Brown Sugar“, еден од нивните најпрепознатливи хитови. Песната од 1969 година беше главниот дел од нивните концерти откако се појави пред 50 години, а исто така е најизведувана песна „Jumpin ‘Jack Flash“ со 1.136 изведби, според музичкото списание The Rolling Stone.
Откако новинарите го запрашаа Џегер зошто популарната нумера не се наоѓа на нивната сет-листа, музичарот откри дека решиле да престанат да ја изведуваат извесно време.
„Ја свиревме ‘Brown Sugar’ секогаш уште до 1970 година. Сега решивме да ја исфрлиме и да видиме како тоа ќе изгледа. Можеби некогаш повторно да ја вратиме на репертоарот“, рече Џегер.
Кит Ричардс, кој песната ја напишал заедно со Мик Џегер во текот на студиско снимање во 1969 годин во „Muscle Shoals“ во американска Алабама, откри дека бил вчудовиден од неодманешните критики на сметка на стиховите на популарната песна, бидејќи тоа отсекогаш била „гротескна приказна за ропството, силувањето и сексуалното насилство“.
„Се обидувам да сфатам во што е забелешката. Зарем не разбрале дека тоа е песна за ужасите на ропството? Се чини дека се обидуваат да ја уништат. Во моментов не сакам да влегувам во конфлта со сите тие гомненици. Сепак, се надевам дека ќе успееме да го одржима ‘нашето бебе’ и да ѝ ја пружиме славата која ја заслужува“, изјави Ричардс.
Песната од самиот почеток беше контроверзна за дел од јавноста, а бендот повеќепати се обидуваше да го ублажи текстот на песната. Оригиналниот наслов гласел „Black p*ssy“ (црна пи*ка), но Џегер пред објавувањето, сепак, решил дека е премногу буквален.
Ориганалниот текст во препев би гласел „Кафен шеќеру, како имаш толку добар вкус? Кафен шеќеру, токму како што би требало црна девојка“, а на подоцнежните снимки поимот „црна девојка“ е заменет со „млада девојка“ (young girl).
„Господ знае за што зборувам во таа песна. Тоа е таква збрка од песна. Сите гадни теми во едно“, изјави Џегер во едно свое интервју од 1995 година, кога призна дека му било непријатно поради тие стихови. Рече и дека песната била напишана за само 45 минути, а ја опишува како „песна на моментот“.
„Сега некој да ме праша, никогаш не би ја напишал песната. Веројатно би ја цензурирал. Би помислил: ‘О Господе, не можам. Морам да престанам. Не можам толку сирово да пишувам“, рече тогаш Џегер.