ВИДЕО| Судир во Белград меѓу протитниците на Еропрајдот и полицијата

Противниците на одржување Европорајд 2022 во Белград во саботата се судриле  српската полиција во близина на Собранието, пренесуваат белградските електронски медиуми, а белградската полиција соопшти дека поради инцидентоте уапсено е 31 лица.

Инцидентот почнал кога противниците почнале да фрлаат со шишиња врз автомобилите, ги пцуеле новинарските екипи и се расправале со полицијата.

Според порталот Нова.рс. меѓу противниците бил и расчинетиот монах Антониј, кој со шише го погодил во стомак снимателот на регионалната N1 телевизијата. Нападот е пријавен во полиција.

Полицијата во повеќе делови од Белград уапси десетици луѓе, меѓу кои и расчинетиот монах Антониј.

Медиумите јавуваат и за повеќе повредени лица.

Организаторите на „Европрајд“ изјавија дека и покрај забраната нема да го откажат настанот. Тие ги повикаа учесниците да почнат да се собираат во 16 часот, но групи противници на маршот од утрово се собираат во мали групи во центарот на Белград.

Порталот „Нова.рс“ објави дека по дипломатските напори во преговорите меѓу Европска Унија и кабинетот на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, постигнат е договор според кој ќе биде дозволено одржување на „Европрајд“.

„Постигнато е компромисно решение со кое ќе се овозможи Европрајд, по заложбите на еврокомесарката за еднаквост Хелена Дали во нејзиниот личен ангажман за време на преговорите со премиерката“, објави Нова.рс“.

Дали престојува во Белград, како и бројни претставници од ЕУ како поддршка на овогодишниот Европрајд и остварувањето на правата на ЛГБТК плус заедницата во Србија.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)