Псени наводно бил повреден додека се обидувал да им помогне на луѓето да се скријат во неговиот стан.
Се обидував да завршам некоја работа дома. Телевизорот беше вклучен, гледав филм. Слушнав бука што звучеше како експлозија на петарди и дури прво помислив дека тоа се слушна во филмот. Но, бучавата беше толку гласна што погледнав низ прозорецот. Јас живеам на вториот кат и мојот стан гледа во излезот за евакуација на Батаклан. Видов луѓе на подот и крв … сфатив дека е нешто сериозно. Ги прашав минувачите што се случува. Сите само трчаа. Една жена се држеше за прозорецот на салата, на вториот кат. Тоа ме потсети на сликите од 11-ти септември …
Потоа отидов долу и ја отворив вратата на мојот стан за луѓето да можат да влезат и да се сокријат. Видов еден човек како лежи на тротоар и уште еден ранет, кој се обидуваше да се скрие во предворјето. Тогаш и мене ме погоди куршум. Не се сеќавам многу после тоа, имам некоја празнина … се сеќавам само дека се чувствував како петарда да ми експлодирала во левата рака и дека шика крв. Мислам дека напаѓачот беше на прозорецот на Батаклан. Отидов до соседот од четвртиот кат. Момчето кое дојде со мене, беше погоден во ногата, Американец. Повраќаше и беше ладен. Мислевме дека умира. Се јавив на еден пријател кој ми објасни како да му ја превијам раната… Чекавме помошта конечно да пристигне до нас.
Луѓето не ги испуштаа мобилните од рака
Мојата сопруга е во Батаклан, ова е катастрофа, рече еден човек кој дотрча на местото каде се пукаше, но полиција го спречи да влезе во салата.
Престрелки се слушаат во салата. Се што можам да кажам е дека ова е полошо од Шарли ебдо, рече член на безбедносните сили кои не дозволуваа никому да се доближи.
На Твитер луѓето објавуваа фотографии и лични документи на нивните роднини кои беа во салата, молејќи ги корисниците на интернет да им јават најнови информации.
Слушнавме рафални истрели, што траеа 30 секунди, се чинеше дека никогаш нема да престанат, мислевме дека е огномет”, изјави Пјер Монфорт, кој живее во близина.
Еден очевидец вели дека две или три минути слушал рафали и видел повеќе тела облиени со крв.
Имаше крв насекаде, рече друг.
И во источниот дел на градот…