(ВИДЕО) Светот со восхит ја набљудува „Крвавата Месечина“

Луѓето ширум светот со восхитувања го следат феноменот познат како „Крвавата Месечина“, најдолгото затемнување на природниот сателит на Земјата во XXI век.

Од Р’тот на добрата надеж до Средниот Исток, од Кремљ до Сиднеј, илјадници луѓе својот поглед го вперија во небото, надевајќи се дека ќе ја видат портокаловата, потоа темноцрвената и кафената Месечина, којашто ја менува својата боја како што влегува во сенката на Земјата.

Целосното затемнување ќе трае еден час, 42 минути и 57 секунди, а ѝ претходни и ќе биде проследена со делумно помрачување. Месечината во сенката на Земјата ќе биде вкупно 3 часа и 54 минути.

Максималното помрачување, коешто ќе се случи во 22,22 часот ќе може да се види од Европа, Русија, Африка, Средниот Исток, поголемиот дел од Азија и од Австралија, иако облачното време во некои региони би можело да го попречи набљудувањето на овој феномен.

Месечината на Средниот Исток излезе над Големата џамија на шеикот Заед во Абу Даби, а во Кенија над гнездата на штрковите на стеблата во Најроби. Пред помрачувањето, затворени се храмовите по брегот на реката Ганг, а ентузијастите во Сингапур поставија телескопи на Јужниот док на тамошната марина.

Најдолгото затемнување ќе се совпадне со најголемото приближување на Марс на Земјата во последните 15 години, па набљудувачите ќе имаат возбудлив астрономски настан. Марс ќе се надвие над Месечината што на небото ќе може да се види со голо око. Соседната планета ќе биде невообичаено голема и светла, оддалечена само 57,7 милиони километри од Земјата на својата кружна орбита околу Сонцето.

Целосното затемнување на Месечината се случува кога Земјата ќе се најде во рамнина точно меѓу Месечината и Сонцето и ги впива светлосните зраци кои нормално го осветлуваат нејзиниот природен сателит со светложолта боја. Месечината патува до сличната позиција секој месец, искосувањето на нејзината орбита одредува дали ќе мине над или под сенката на Земјата. Поради тоа и затемнувањето на Месечината не е толку честа појава.

Кога споменатите три небески тела ќе се наредат едно по друго, атмосферата на Земјата распрашува сина светлина кон Сонцето рефлектирајќи црвена светлина на Месечината и така ѝ дава розеворумена боја. Оваа појава се нарекува „Крвава Месечина“.

Пред три години американската агенција за вселенски истражувања NASA постави видео материјал, во кој детално го појаснува феноменот на „Крвавата“ Месечина.

Месечевото затемнување настанува кога природниот сателит на Земјата движејќи се околу планетата, навлегува во сенката. Доколку рамнината на орбитите на Месечината и Земјата би се совпаѓале, лунарната еклипса би се повторувала секој месец. Меѓутоа, аголот меѓу изнесува 5 отсто, за да се случи затемнување, Месечината при појавата на „полната месечина“ се наоѓа во точката на пресекот на нејзината орбита и рамнината на орбитата на Земјата – еклиптиката. Во текот на една година се случува едно до две месечеви затемнувања.