Светски познатите музички ѕвезди Лени Кравиц, Стинг и Бој Џорџ, земјава си ја ословуваат Македонија, во пораките кои ги испраќаат преку социјалните мрежи, каде имаат милиони следбеници.
Очигледно за нив, прифатливо е само Македонија, не и новото име, за разлика од многу македонски музичари, уметници, јавни личности и пеачи.
Најново видео е објавено од музичката легенда Стинг, кој испраќа поздрав до Македонија и не’ повикува на неговиот концерт на втори јуни, годинава, на Градскиот стадион во Скопје.
За Sting сме Macedonia, за Тамара, Тијана сме North Macedonia.
Sting светска класа музичар го почитува мојот народ, за разлика од тие кои народот ги плаќа со 200.000 €.
Се гледаме на Градски стадион. Не ги жалам парите за Sting. pic.twitter.com/1htCjZP0wM
— Flóki (@IceFloki) May 20, 2019
Во саботата вечер, за време на одржувањето на финалето на Евровизија, македонската претставничка Тамара доби јавна поддршка од светски познатата музичка ѕвезда Бој Џорџ, кој на социјланата мрежа „Твитер“ објави свој статус за настапот и песната на македонската претставничка.
„Македонија досега, според мене“, напиша англиската музичка легенда и диџеј.
Инаку, во 2007 година Бој Џорџ настапуваше во Метрополис арената во Скопје. Тогаш се претстави со негов диџеј сет. На тој настап со него во живо запеа и Тамара.
Пред само околу три седмици, во Скопје спектакуларен концерт имаше американската рок ѕвезда Лени Кравиц. Само неколку часа пред концертот, тој на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави видео запис од својата прошетка низ центарот на Скопје и низ Стара чаршија, насловено „Скопје, Македонија“.
„Скопје, Македонија, Стара чаршија. Прекрасен ден со средби со прекрасни луѓе. #ТукаЗаЉубов“, напиша легендарниот Кравиц.
Американската рок ѕвезда е текстописец, продуцент, гитарист, пејач и има продадени околу 38 милиони албуми,а неговата фан страница на „Фејсбук“ има 5,8 милиони следбеници.