Милитантите на радикалното исламистичко талибанско движење кои од средината на август ја преземаа власта во Авганистан, поубиле чеворица жители на северозападната покраина Херат обвинети за грабнувања луѓе, пренесе во саботата локалниот портал Aamaj News.
На снимката поствена на информативниот портал прикажано се телата на четворица обесени мажи пред голема маса луѓе. Претставниците на талибаните сѐ уште не се огласиле во врска со оваа егзекуција, иако еден од основачите на движењето, мулата Нурудин Тураби во петокот во интервјуто за американската агенција Associated Press најави дека талибаните имаат намера да продолжат со јавните погубувања или отсекување на екстремитети за кражби.
Во периодот од 199 до 2001 година, која талибаните беа на власт во Авганистан, во земјата беше раширено јавното казнување за претстапи според ригидниот шериотски законик, како што се каменувања, остекувања на раце и нозе и погубувања со бесење. Одликите за одредени видови казни ги носеа специјалните судови формирани од радикалното движење, кои се состоеја од тројца шеријатски судии. Таквите „пресуди“ беа спроведувани по одобрувањето од челниците на Исламскиот емират Авганистан, како што се самонарекуваат талибаните.
Откако талибаните беа соборени од власта со американската инвазија во 2001 година, јавното казнување во Авганистан беше укинато. Во меѓувреме изминатите две децении, кривичниот законик на Исламската Република Авганистан сѐ уште ја содржеше смртната казна, којашто се спроведуваше со стрелање или со бесење, што се применуваше главно за осудени криминалци обвинети за убиства, силувања и тероризам.
Меѓународната организација за човекови права Human Rights Watch предупреди во четвртокот дека талибаните во третиот по големина западен авганистански град Херат талибаните се во „потрага по истакнатите жени, ускратувајќи им ја жените слободата на движење надвор од нивните домобови и им го наметнуваат задолжителниот начин на облекување“ кој подразбира целосно покривање на телото.
Од организацијата Amnesty International во извештајот од крајот на август наведуваат дека талибаните се одговорни за масакрот на девет припадници на прогонетата шиитска заедница Хазари.
#تازه
طالبان چهار تن را به اتهام آدمربایی به دار زدندمنابع از ولایت غربی هرات به آماج میگویند که لحظات پیش چهارتن در چهار گوشه شهر از سوی طالبان به اتهام آدمربایی به دار آویزان شدند. طالبان تاکنون در مورد هویت این افراد و چگونگی محاکمه آنها چیزی نگفتهاند.#آماج_نیوز pic.twitter.com/ZUpHcxZCRg
— Aamaj News (@AamajN) September 25, 2021