-0.2 C
Skopje
вторник, јануари 7, 2025

(ВИДЕО) Телевизиска ѕвезда се јавила во живо од дома, а зад неа претрча гол милијардер

Британската ТВ sвезда Трини Вудал одлучи да се јави во живо од карантин на Фејсбук, но не сметала дека среде емитувањето, нејзиниот партнер, милијардерот Чарлс Саачи, ќе претрча гол зад неа.

Преносот во живо на 56-годишната Трини не се очекуваше да биде зачуван, а оние што го гледаа во живо, можеа да го видат 20 години постариот Саачи како трча зад неа целосно гол и оди под туш.

Иако презентерката на „Ова утро“ се чинеше дека го игнорира голиот задник на својот партнер, бидејќи продолжи да зборува за рутината за нега на кожата, кога сфати што виделе нејзините придружници, ја избришала снимката.

Инцидентот го забележале фановите кои не ја гледале ЛЕД маската од 3500 фунти на Трини како ја става на лицето, туку во мажот во позадина.

“Не бев сигурна дали сфати дека камерата го фати нејзиниот партнер, но потоа почнала да го крие тој дел од бањата. Бидејќи имала маска на лицето, не можеше да се види изразот на лицето”, возврати еден гледач.

 Саачи и таа се дружат од 2013 година, кога тој се разведе од ТВ готвачката Најџела Лосон. Нацијата беше шокирана од снимките на кои тој ја држи за врат неговата поранешна сопруга во популарен лондонски ресторан, по што нивната врска заврши.

Тој и Трини имаат заедничка финансиска вредност од 1,2 милијарди фунти, со сопственост на рекламната агенција Saatchi & Saatchi, која ја основал заедно со неговиот брат , како и познатата Галерија Саачи во Лондон.