Тимот на Леброн Џејмс ја доби пресметката со тимот на Јанис Адетокунбо во главниот натпревар на НБА ОЛ-Стар викендот. Екипата што ја предводеше Леброн славеше со 157-155 во средбата во кој во завршниот период првпат по подолго време дуелот не беше само шоу туку витинска борба за победа. Ланскиот МВП на финалето и освојувач на титулата со Торонто кој беше во тимот на Леброн, Каваи Ленард го понесе престижното признание за најкорисен игрч на натпреварот кое од годинава се вика „Коби Брајант“
Тимот на Леброн го доби воведниот сегмент со 51-43, потоа тимот Јанис беше подобар во втората четвртина со 51-30, а во третиот период беше нерешено 41-41. Во последниот период двата тима жестоко се бореа за победата, битката беше прв да се дојде до 157 поени. Благодарение на слободните фрлања на Ентони Дејвис, поуспешен беше тимот на Леброн и забележа тирумф во средбата која се играше по специфични правила, со рестартирање на бројчаникот за резултат во секоја четвртина.
Каваи Ленард со 30 поени беше најефикасен во победничкито тим и го понесе признанието за МВП кое од оваа година е преименувано во „Коби Брајант“. Леброн Џејмс и Крис Пол постигнаа по 23 поени. Јанис Адетокунбо беше најдобар во неговиот тим со 25 поени, Кемба Вокер постигна 23.
https://twitter.com/NBATV/status/1229265936059899918?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1229265936059899918&ref_url=https%3A%2F%2Fekipa.mk%2Ftimot-lebron-pobednik-vo-ol-star-presmetkata-lenard-go-dobi-priznanieto-kobi-brajant-video%2F
Ол-стар дуелот има хуманитарен карактер, за победа во секоја од четвртините тимот добива по 100 000 долари кои ги донира на хуманитарна организација по избор. Пред мечот беше одвоен период во кој им беше оддадена почит на Коби Брајант и на Дејвид Штерн.
Magic opens the #NBAAllStar game with an 8-second moment of silence for Kobe Bryant and David Stern. pic.twitter.com/0mhiNLumen
— NBA TV (@NBATV) February 17, 2020