Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во седата дека неговата влада барала од Саудиска Арабија објаснување за судбината на саудискиот новинар Џамал Кашоги (Хашкаџи) ,кој исчезна на 2-ри октомври откако влегол во саудискиот конзулат во Истанбул, по наводите за грабнување или дека е убиен од агенти од неговата земја.
Кашоги е еден од најпознатите критичари на саудискиот принц кој ги покрена реформите кои ги поздравуваат САД и Западот, меѓутоа започна и пресметки со дел од монархијата, саудиски бизнисмени и особено со дисидентите во којашто се уапсени, многу активисти, интелектуалци и верски лица, пособено од шиитската заедници. Тие, исто така, ја критикуваа и војната во соседен Јемен, во која Саудиска Арабија ја предводи коалицијата на сунитските земји којашто се бори против побунетото шиитско племе Хуси и одментатите војници на претходниот претседател.
Како поранешен уредник на влијателниот весник al-Watan и на истоимениот телевизиски канал, Кашоги со години се сметаше за близок на саудиското кралско семејство и своевремено беше советник на повеќе високи функционери. Но по апсењата не неколку негови пријатели, откажана му е колумната во весникот al-Hayat и наводно е предупреден да престане да користи Twitter. Кашоги ја напушти Саудиска Арабија и замина во САД каде што објавуваше написи во The Washington Post и се појавуваше на арапските телевизиски канали во западните земји.
Кашоги влегол во конзулатот во четвртокот. Анкара тврди дека нема докази дека излегол од дипломатското претставништво на неговата земја, додека Ријад вели дека го напуштил истиот ден. Мистеријата се разгоре откако Турција повторно тврдеше дека тој не излегол од зградата, а Саудиска Арабија истовремено остана доследна во своите тврдења дека познатиот новинар, кој е критичен кон саудиските власти, ја напуштил зградата и дури потоа исчезнал. Неговата вереница пристигнала заедно со него, меѓутоа морала да чека надвор од зградата на конзулатот и не го видела како ја напушта, иако чекала десетина часови, до полноќ.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека водиле разговори на највисоко ниво со Саудијците и барал појаснувањата за исчезнувањето на Кашоги. Додаде дека Вашингтон повеќепати ги контактирал саудиските власти во врска со ова прашање.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, прецизираше дека советникот за национална безбеднсот на претседателот, Џон Болтон, специјалниот советник Џаред Кушнер и државниот секретар Мајк Помпео, секој засено, разговарале за случајот со Кашоги со саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман. Тие барале поединости за исчезнувањето и брале саудиската влада да биде транспарентна во врска со страгата, додаде Сандерс.
Трамп додад и дека е во контакт со вереницата на ноцинарот, Хатиџе Ченгиз, коа во вторникот побара помош од американскиот претседател во расветлувањето на оваа афера. Саудиска Арабија е инаку еден од најблиските сојузници на САД на Блискиот исток.
Претходно во средата турските телевизии објавија снимка од надзорна камера на којашто се гледа како Кашоги влегува во саудискиот конзулат во Истанбул, како и на група лица осомничена за неговото исчезнување. На снимката се гледа дека додека новинарот влегува во конзулатот, црн теренец е паркиран во близината. Турската полиција, како и вереницата, тврдат дека Кашоги од тогаш не излегол од конзулатот, додека Ријад уверува во спротивното.
Турски извори, коишто се повикуваат на истрагата во тек, наведоа изминатиот викенд, дека Кашоги е убиен во конзилатот. Некои медиуми, пак, во вторникот објавија дека е можно тој да е грабнат и довден во Саудиска Арабија. Ријад остро ја отфрли верзијата за убиство на новинарот. Американски The Washington Post пишува дека американските разузнавачки служби пред исчезнувањето на Кашоги пресретнале комуникација меу саудиски официјални лица кои зборувале за грабнување.