(ВИДЕО) Трамп ја тужи Калифорнија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја тужи државата Калифорнија поради усвојување закон со кој од претседателските кандидати се бара да ги објават податоците за плаќањето данок на приход.

Тужбата во федералниот суд во Сакраменто ја поднеле адвокатите на Трамп и во неа се наведува дека новиот статут, кој минатата недела бил додаден на законот, е неуставен затоа што носи нови незаконски правила за тоа кој може да се кандидира на претседателските избори, пренесува Ројтерс.

Во тужбата се наведува дека новиот закон претставува „соголен политички напад“ врз Трамп.

Републиканската партија во вторникот поднесе слична тужба против државата Калифорнија, истакнува Ројтерс.

Со новиот закон е предвидено претседателските кандидати да ги објават своите податоци за даноците на приходи за последните пет години за да може да се кандидираат во Калифорнија, најбројната американска држава.