Фудбалерите на Левски долго ќе го паметат македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, откако капитенот на АЕК Ларнака ги постигна сите погодоци во триумфот на неговиот тим со 4:0.
Кипарскиот состав заслужено избори пласман во следната рунда од квалификациите за Лига Европа, а Тричко го реализираше „покерот“ со по два гола во двете полувремиња. По средбата откри дека ова му се случува првпат во кариерата.
– Одигравме добар натпревар, но знаевме што можеме да очекуваме од противникот. Ги искористивме шансите, а јас првпат во кариерата постигнав четири голови и многу сум горд на тоа. Сакаме да стигнеме што подалеку, но ќе имаме и потешки противници, – изјавил Тричковски по мечот во Софија.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=H_I6MJC-zZQ