ВИДЕО| Тригодишник пронајден во рурална Австралија три дена по исчезнувањето

Тригодишно момченце пронајдено е живо во понеделникот, три дена откако исчезал од руралниот имот на неговото семејство во источната австралиска сојузна држава Нов Јужен Велс, соопшти полицијата.

Момченцето било забележано од хеликоптерска патрола во понеделникот претпладнето, речиси 72 часа откако последен пат бил виден на имото во Пути, околу 110 километри северозападно од Сиднеј, соопшти полицијата на сојузната држава.

Момченцето било прегледано лекари од службата за брза помош и повторно е соединетот со семејството. Полицијата, исто така, објави снимка од детето како пие вода од поток.

„Ова е добра новинарска приказна“, изјави полициската инспекторка Трејси Чепмен, додавајќи дека фактот што се наоѓало многу близу до водата на момченцето „потенцијално му дало можност за преживување“.

Кога исчезало детето, била покрената голема операција за потрага и спасувања во кој учествувале и полицајци на мотоцикли, кучиња трагачи, полициска коњаница и полицики хеликоптер, како и стотици доброволци од службата за вонредни ситуации.

Локалните медиуми известуваат дека момченцето, кое има аутизам и не зборува, преживеало три ноќи самото во грмушките при теператури кои паѓале на 3 Целзиусови степени.

„Исфрлан е од пелените, го искасале мравки, паѓал но жив е“, изјави таткото за медиумите.