Сите 39 миганти чиишто тела се пронајдени во камион во Англија, се државјани на Кина, пишуваат британските медиуми во четвртокот.
Телевизиите BBC, ITV и Sky News објавија дека сите 39 жртви се кинески државјани, повикувајќи се на неименувани извори.
Британската полиција претходно објави дека и натаму го утврдува идентитетот на наводните мигранти кои се откриени ден претходно во камион-ладилник во индустриската заона источна од Лондон.
Белгиските обвинутели потврдија дека камионот во вторникот испловил со траект од пристаништето Зеебруг.
Полицијата на англиската грофовија Есекс испрашува 25-годишен жител на Северна Ирска која го возел камионот. Тој е осомничен за убиство на 39 луѓе.
Североноирската полиција доцна вечерта во средата направила претрес во два објекта во селото Лорелвале, во кое живеел возачот со семејството, пренесува Belfast Telegraph.