(ВИДЕО) Тутунарите протестираат заради неоткупениот тутун, го блокираа Плетвар

Прилепските тутунари излегоа на протест и го блокираа преминот кај Плетвар. До Нова година откупот и исплата на тутунот во прилепскиот регион течела нормално, а од 1 јануари повеќе да не се откупува. И оној што се откупувал се проценувал една класа пониско, односно занчително е намалена откупната цена. Тутунарите побараа да се зголеми откупната цена, сите откупните пунктови да проработат, да се исплаќа за фактичката класа на тутун, јави Инфомакс.мк.

За крај тие побараа да се донесе закон со кој ќе се забрани увозот на тутун во Македонија. Во врска со проблемите со кои се соочуваат тие изреагирале до инспекциските служби, но никој не сторил ништо. Еден од тутунарите посочи дека кога сакал да се види со министерот, односно побарал средба, тоа не му било дозволено, па го запрашале кој си ти за да се видиш со министерот за земјоделие Трајан Димковски.

На прашање на поратлот Инфомакс, колкава количина на тутун се увезува и кој ја увезува, тие одговориле дека не знаат, но она што го знаат е дека нивниот тутун не е откупен, а откупната цена е нереална.

Тие обвинуваат дека земјоделците два пати плаќаат данок. Субвенциите се уште не се исплатени, а на оние кои се вработени во администрација, имаат „братучеди“ на високи позиции и тутунот им оди добро. Сите луѓе што се вработени во јавна администрација целото производство им оди како прва класа, а нашето производство не може да оди никако, постои партиска дискриминација и врски, велат тутунарите.
Тутунот не се откупува по класи туку по луѓе, додаоа земјоделците.

Според техничкиот дополнителен заменик министер за земјоделие, Цветан Трипуновскипричината за ниска увозна цена е увозот на странски ориентален тутун.

Тутунарите најавуваат дека доколку нивните барања не се оствараат ќе следуваат штрајкови, протести, блокади на патиштата.