Косовската полиција уапси во четвртокот осум активисти на движењето Самоопределување, меѓу кои и пратеничката на таа опозициска партија во косовското Собрание, Саранда Богујевци, пренесуваат пишитнските медиуми поред кои на седум од приедените им е одредена мерка 48 часовно задржување.
Полициската акција следеше откако група активисти на Самоопределување, кои излегоа на протест против неефикасноста и неодговорното однесување на полицијата и другите надлежни институции во случаите на насилство врз жените и девојчињата, почнаа да фрлаат боја, камења и други предмети кон полициската станица.
По ова уследи судир меѓу демонстрантите и полицијата, по што се уапсени пратеничката Богујевци, три активистки и четворица активисти на движењето