
Двајца Срби кои нападнаа и до смрт го претепаа својот сонародник, 22-годишниот Никола Косаниќ во Братислава во неделата, се уапсени во Унгарија и се обвинети за соучесништво во убиство, соопшти во средата словачката полиција.
Третиот осомниечн напаѓач, пак, државјанин на Македонија е уапсен во Словачка, но против него сѐ уште не е подигнато обвинение.
„Во соработка со Националниот центар на Интерпол и унгарската полиција уапсени се двајца осомничени за напад врз Србин пред поштата во Братислава утрото на 8-ми декември“, се наведува во соопштението на словачката полиција.
Тие се уапсени врз основа на европскиот налог за апсење издаден од Првиот окружен суд во Братислава. Тие се обвинети во отсуство и во тек е процедура за нивна екстрадиција од Унгарија во Словачка.
Ако бидат прогласени за виновни ќе бидат осудени на казна затвор од седум до 10 години.