Јапонска ученичка која предала празен лист хартија на час по историја добила највисока оценка, откако нејзиниот професор открил дека го напишала со невидливо мастило.
Еими Хага користела нинџа техника „абуридаши“, со часови тапката и ситнела зрна соја за да направи невидливо мастило.
Буквите се појавиле кога професорот го загреал листот над пламен.
„Тоа е нешто што го научив како мала од книга“, рекла Хага за Би-Би-Си.
„Се надевав дека тоа никому нема да му падне на памет“, рекла таа.
Хага се заинтересирала за нинџа тајните агенти и убијци во средновековна Јапонија, кога како дете гледала цртани филмови.