ВИДЕО| Украина отвора истрага по загинувањето на десетици војници во рускиот удар врз воениот институт

Најмалку 50 лица загинаа а 271 се ранети кога Русија во вторникот нападна воен институт за комуникации во централниот украински град Полтава со два проектила, што е најкрвавиот поединечен руски напад оваа година, поради што е отворена кривична постапка поради небрежност против висок воена кадар, објави доцна ноќта кон средата агенцијата РБК-Украина, повикувајќи се на неименувани извори.

Стануваз збор за центар во кој се обучувале припадници на украинската војска за радиоелектронско војување и управување со радарските системи. Според руски изворидвојниот удар со ракети „Искандер“ во текот на утринскто постројување со повеќе од 500 ранети. Според непотврдени објави на украински воени блогери во овој удар загинале најмалку 190 а раенти се околу 600 луѓе.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат неколку мртви млади мажи кои лежат на земја покриени со прашина и остатоци, а зад нив има тешко оштетен дел од голема зграда. Агенцијата Reuters наведува дека не можела веднаш да ја потврди автентичноста на фотографиите.

„Руските ѓубриња дефинитивно ќе бидат одговорни за овој напад“, гневно објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на комуникациската платформа Telegram.

Вели дека наредил итна истрага, велејќи дека нападот со два балистички проектила ја оштетил зградата на Институтот за воени комуникации. Во редовното прекуноќно обраќање, Зеленски тврдеше дека загинале 51 лице.

„Се знае дека под урнатините на уништената зграда има луѓе. Се прави сѐ за да се спасат што повеќе животи“, рече Зеленски.

Претходно Владимир Рогов, претседател на комисијата за прашања на суверенитет на Општествената комора на Русија и копретседател на Координативниот совет за интеграција на „новите региони“ (заземените во источна Украина) во овој напад „загубите на непријателот се бројат во стотици“, кој се повикува на информации добиени од мрежата на отпорот на руското население во областите кои се под контрола на укаинската армија.

Службата за итни случаи на Украина извести дека 50 лиза загинале. Регионалниот гувернер на Полтава, Филип Пронин, рече дека 15 лица можеби сѐ уште се под урнатините.

Украинските копнени сили соопштија дека е убиен воен персонал. Тие не прецизираа колку жртви има меѓу вооружените сили, но потврдуваат дека нападот е голем удар за Киев, кој се обидува да ги зајакне своите редови за да му се спротистави на противникот.

„Командата на копнените сили спроведува истрага за да утврди дали е направено доволно за да се заштитат животите и здравјето на војниците во објектот“, се вели во соопштението.

„Употребата на балистички ракети, кои погодија цели оддалечени стотици километри за неколку минути по лансирањето, значеше дека жртвите имале многу малку време да пронајдат засолниште откако се огласиле сирената за воздушен напад“, соопшти Министерството за надворешни работи во Киев.

„Една од зградите на институтот е делумно уништена, а многу луѓе останаа заробени под урнатините. Благодарение на координираната работа на спасувачите и болничарите, спасени се 25 лица, од кои 11 се извлечени од урнатините. Спасувачите во моментов продолжуваат со својата работа“, објави укаинското Министерство за одбрана на Telegram.

Русија официјално сѐ уште не го коментираше нападот.