ВИДЕО| Украинската војска истисната од позициите во уште две села кај Авдиевка

Украинската војска потврди дека се повлекла од уште две села во близина на Авдиевка, град на истокот на земјата заземен од руските сили, губејќи сѐ повеќе територии, тврдејќи дека залихите од западната помош се сѐ помали.

Висок командант рече дека војниците консолидирале нови одбранбени позиции западно од Авдиевка, а портпаролот на украинската војска Дмитро Лиховој рече дека војниците се повлекле од Северное и Степовое, еден ден откако Киев објави дека го напуштил селото Ласточкино.

„Нашите сили се повлекоа од малите села Северное и Степовое… Тешки борби за Севверное се водеа вчера вечерта и во текот на ноќта“, рече Лиховој, додавајќи дека Русија „претрпе значителни загуби во таа битка“.

Украина се повлекува на позиции во согласност со остатокот од источниот фронт, на терен посоодветен за одбрана, рече Лиховој.

Селата Северное и Степовое пред инвазијата имаа вкупно помалку од сто жители, откако многу од руската и рускојазичната заедница пребегаа кон Доњецк откако украинската војска ги заземе во текот на судирите по превратот во Киев во 2014 година.

Претходно во вторникот руското Министерство за одбрана објави „ослободување“ на селото Северное во областа Авдиевка при што бил уништен американскиот тенк „Abrams“ како засилување на украинските позиции. Министерството соопшти дека нивните војници „заземлае повеќе линии и позиции“ и ги погодиле украинските војници и опрема во близина на уште три населени места.

Агенцијата Reuters наведува деа не можела да добие независна проверка на тие тврдења од двете страни.

На 17-ти февруари, министерот за одбрана Сергеј Шојгу го извести претседателот Владимир Путин за целосното заземање на Авдиевка. Тоа овозможува да се отфрли линијата на фронтот подалеку од Доњецк и градот значително да се заштити од нападите на украинските вооружени сили. Како што истакна командантот на групата Центар, Андреј Мордвичев, украинската војска била потисната од своите позиции за повеќе од десет километри.

Утврдениот град Авдиевка трпеше постојано руско гранатирање од средината на октомври. Заземањето на градот, каде што речиси ниту една зграда не остана неоштетена, беше најголемото освојување на Русија од заземањето на речиси исто толку уништениот град Бахмут минатиот мај.

Рускиот претседател Владимир Путин го нарече заземањето на Авдиевка „апсолутен успех“ и вети дека ќе продолжи со освојувањето за да обезбеди контрола врз целиот украински регион Доњецк кој се отцепи во 2014 година откако новите прозападни власти во Киев го забранија користењето на рускиот јазик како службен и наметнаа своите власти таму и во соседниот доминатно руски и рускојазчен регион Луганск, кои по ланскиот референдум се присоединија на Руската Федерација, што Киев и меѓународната заедница не ги признаваат.

Загубата на стратешките поизиции кај Авдиевка и околината доаѓаат кога Украина тврди дека се соочува со недостиг од артилериска муниција и други резерви, а особенио со војници, бидејќи ветената помош од Запад не пристигнака, а пакетот помош од САД е закочен од конгресните републиканци.

Американскиот претседател Џо Бајден и највисоките демократи се сретнаа со највисоките републиканци во Конгресот за повторно да побараат ослободување од околу 60 милијарди долари помош за Украина. Во соопштението од Белата куќа по состанокот се наведува дека Бајден „разговарал за тоа како Украина изгубила територија на бојното поле во текот на изминатите неколку седмици и е принудена да чува муниција и резерви поради неактивноста на Конгресот“.