ВИДЕО: Вака изгледа инвазија на инсекти

На оваа видео снимка можете да видите како изгледа инвазија на инсекти во моментот на парење.

Летниот период е токму времето кога тие се размножуваат, а во Висконсин, САД, секое лето по течението на Мисисипи се појавуват илјадници од нив.

На овој GIF направен од снимките на радарот, се гледа како облак од инсекти ја напуштаат реката Мисисипи и полетуваат.

insekti1

Женските инсекти полетуваат од реката на одредени локации во градовите, каде бараат партнер за размножување.

Откако ќе најдат партнер за размножување, и ќе бидат оплодени, женките се враќаат во реката каде ги снесуваат јајцата и умираат. Она што е уште поинтересно е фактот што само една минута по снесувањето, младите инсекти излегуваат од јајцето.

Погледнете…