Во текот на операцијата за потрага и спасување на луѓето заробени под урнатините на зградите во близина на северниот сириски град Алепо, спасувачите извлекле новороденче но, за жал, мајката на штотуку роденото момченце не можела да се спаси, пренесе во понеделникот телевизијата Al Arabiya.
На видеото во продолжение се гледа моментот како еден маж го носи штотуку роденото дете на укажување на неопходната прва помош.
Претходно беше известено дека од под урнатините во населбата ал-Акаба во старото историско јадро на Алепо биле спасени новородено девојче и тинејџер. Во административниот центар на истоимената провинција на 360 километри северно од сириската престолнина Дамаск во текот синоќешниот земјотрес се урнале 47 објекти.
Според последните официјални податоци објавени малку по полноќ кон вторникот по локално време, сириското министерство за здравство соопшти дека во четирите погодени провинции Алепо, Латакија, Идлиб и Тартус се потврдени 783 жртви и уште 1.413 повредени.
Претходно спасувачите на социјалните мрежи објавија дека во бројот на жртвите во четирите сириски провинции во пограничниот регион со Турција се движи околу 1.300 лица.
Истовремено турскиот потпретседател Фаут Октај објави дека последните податоци во Турција покажуваат 2.379 загинати и 14.483 повредени.
The moment a child was born 👶 His mother was under the rubble of the earthquake in Aleppo, Syria, and she died after he was born , The earthquake.
May God give patience to the people of #Syria and #Turkey and have mercy on the victims of the #earthquake#الهزه_الارضيه #زلزال pic.twitter.com/eBFr6IoWaW— Talha Ch (@Talhaofficial01) February 6, 2023