Голем број луѓе се собраа во земјата на кралската земја во кралството Зули за да присуствуваат на крунисувањето на 47-годишниот Мисузулу Зулу, новиот крал на „небескиот народ“, најмоќниот монарх во Јужноафриканската Република кој со години е оспоруван во кавгите околу престолот.
Во земјата на африканскиот југ монарсите и племенските водачи се признати во уставот. Кралевите немаат извршна власт, но имаат голем морален углед и почитувани се меѓу народот.
Мисузулу Зулу, кого го нарекуваат и Мисузулу каЗвелитини што би значело „да се јакне народот Зулу“, го наследува Гудвил Звелитини, кој почина мината 2021 година по 50-годишното владеење. Има две жени и најмалку четири деца.
Од рано утрото воините „амаБуто“ наредени во импресивни поворки со копја и со штитови, се слевале кон мермерната палата КваКангеламанкенгане во Нонгома, гратче во југоисточната покраина КваЗулу- Натал, колепката на народот Зулу.
„Ова е голем ден, денеска ја испишуваме историјата“, изјавил за AFP, 80-годишниот Бонгани Кумало, воин задолжен за безбедноста на кралот.
На голема горештина, воените со часови танцувале воениствени танци носејќи животински кожи во очекување на доаѓањето на кралот. Во Јужноафриканската Република живее 11 милиони припадници на племето Зулу, што е 20 отсто од вкупното население и најголема етничка заедница во земјата.
Жените биле во традиционалната облека, во плисирани здолништа, а некои носеле појаси од бисери. Други биле нагрнати со ткаенини со ликот на кралот и со натписот „Bayede“, што на јазикот Зулу значи „поздравете го кралот“.
Кралот, кого претседателот Сирил Рамафоса треба официјално да го потврди на свеченост следните месеци, е наследник на тронот на земјата на Зулу. Поседува речиси 30.000 квадратни километри земја, што е приближно колку површината на Белгија, со која управува труст чиј тој е единствениот управител.
Неговиот татко, познато по наклонетоста кон луксузот, добиваше покрај тоа од државата околу 75.000 евра годишно за основните потреби и располагаше со буџет од 4,2 милиони евра годишно за функционирање на монархијата на Зулу, според податоците на владата на ЈАР.