ВИДЕО| Во Атина водени топови на демонстрантите пред амбасадата на Израел

Грчката полиција употреби солзавец и водени топови против демонстрантите во близја на израелската амбасада во главниот град Атина.

Демонстранциите за поддршка на Палестиците во контекстот на последната ескалација на палестинско-израелскиот судир во грачката престолнина беа организирани од вонпарламентарните крајно левичарски партии и организации. Исто така, на протестот присуствувале и бројни челнови на палестинската дијаспора во Грција.

Во текот на протестот, демонстрантите за чија бројност засега нема податоци, почнале да фрлаат камења врз полицијата, која одговори со солзавец и водени топови за растерување на масата.

Грчката полиција подоцна започна со проведување на учесниците во пропалестинските протести во близина на израелската амбасада во Атина. Според медиумските извештаи, веќе приведени се најмалку три лица.

Грчките медиуми известуваат дека марш за поддршка на Палестинците се одржал и во Солун.