Во безредијата кои прераснаа во судир со полицијата и вандализам во саботата вечерта во белгиски Лиеж, учествивале околу 300 млади лица распоредени во неколку мобилни групи а повредени се 11 полицајци, пренесува телевизијата RTBF.
Безредијата започнале откако локалните приврзаници на антирасистичкото движење „Црните животи вредат“ (Black Lives Matter) протестирале против „полициската бруталност“, откако полицијата привела жена по потекло од Конго под обвинение за поттикнување на бунт и спротиставување на полициски службеници.
Инцидентот брз прераснал во судир со полицијата. Демонстрантите го демолирале ресторанот на синџирот за брза храна „McDonald’s“ на плоштадот во центарот на градот, неколку постојки на јавниот сообраќај и повеќе автомобили паркирани во близината.
По кусата пресметка со полицијата на плоштадот, разјарената толпа успеала да ги потисне силите за спроведување на редот а потаа во помали грипи се распрснала во центарот на градот продолжувајќи со демолирање на продавниците и возилата. Во безредијата, исто така, биле оштетени и прозорци на централата полициска станица и на градското собрание на Лиеж.
Ситуацијата била ставена под контрола откако по час и половина во центарот на градот како засилување на локалната полиција пристигнале припадници на специјалните единици на федералната полиција. Во задушувањето на немирите полиијата употребила солзавец и водени топови.
Во текот на судирите, 11 полицајци се повредени, а неколку десетици лица биле приведени, соопштил полицискиот портпарол.
Градските власти соопштија дека насилните безредија и ограбувањата биле организирани намерно, имајќи предвид дека некои од учесниците дошле опремени со спортски спортски штитници за рацете и нозете, а некои биле вооружени со разни видови студено оружје.