(ВИДЕО) Во дербито на дното на Примера, Вајадолид подобар од Осасуна

Во дуелот на двата тима кои настојуваат да ја избегнат опасната зона на испаѓање од шпанското фудбалско првенство, во 14-то коло на домашен терен Вајадолид успеа со 3:2 да ја совлада Осасуна.

Домашните поведоа веќе во 7 минута со голот на Шон Вејсман. Меѓутоа, гостите од Памплона прво израмнија во 27 минута со голот на Анте Будимир, а на полувремето заминаа со предност откако Роберто Торес погоди во 43 минута. Вајадолид во 56 минута израмни со прецизно изведениот пенал на Фабио Орелана, а со вториот погодок на мечот на Вејсман во 76 минута успеа да дојде до трите важни бода.

Вајадолид моментално е на 16-то место со 13 водови, колку што има 17-та Селта, а Леванте има 11 бодови, додека осасуна е последна со исто толку бодови. Последна е Уеска со 8 бодови. Меѓутоа, редоследот како и на целата табела може битно да се измени, бидејќи многу клубови имаат и по неколку натпревари заостанување.

Во сабота играат: Валенсија – Атлетик Билбао, Хетафе – Севилја, Уеска – Алавес а денот го затвора големото мадридско дерби меѓу Реал и Атлетико.

Во недела играат: Реал Сосиедад – Еибар, Реал Бетис – Вилјареал, Елче – Гранада, Барселона – Леванте и Селта Виго – Кадиз.