![livce](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/livce.jpg?resize=470%2C270&ssl=1)
Украинската војска сопре и заплени возило во кое тројца вооружени мажи превезувале оружје и околу 100 илјади гласачки ливчиња за денешниот референдум во Доњецк, на кои веќе било заокружено „да“ за отцепување на овој источен град и основање на независна држава, јавува „Киев пост“
Мажите, кои украинските медиуми ги нарекуваат „вооружени терористи“, се отркиени во предградието на Доњецк, а листовите се најдени во багажникот на нивното возило.
Многу градови на истокот на Украина веќе еден месец се под опасада, а меѓу нив е и Доњецк, каде што проруските сепаратисти, за кои се верува дека се поддржани од Москва, ја заземале главната зграда на владата и неколку школи.
Веста за фалсификуваните гласачки ливчиња потстетува на сличниот инцидент на Крим, регион кој на референдум на 16 март се отцепи од Украина и сега е во состав на Русија.
Од Белата куќа за Ројтерс изјавуваат дека постојат конкретни докази дека некои од листовите рапоредени во градовите во Крим однапред биле обележани.