(ВИДЕО) Во Кина е алармантно! Војската излезе на улица, пред болниците вооружени стражари

Кинеските власти ја изнесоа војската на улица за да ја држат под контрола драматичната епидемиолошка состојба откако денеска властите прогласија највисоко ниво на опасност по здравјето на луѓето.

На друштвените мрежи се појавија снимки со оклопни воени возила и кадри на кои се гледа како пред болниците има вооружени војници облечени во бели заштитни скафандери.

https://twitter.com/WarsontheBrink/status/1220613979162251264

Моментално во Пекинг 29 лица се заразени со вирусот, а еден пациент е во сериозна здравствена состојба. Пекинг ги затвори најголемите културни институции и знаменитости, а откажани се и поголемите јавни настани, меѓу кои прославата по повод Кинеската нова година.

Според последните податоци, од вирусот се заразени 850 лица, а 26 починаа. Најкритично е во градот Вухан, каде што избувна епидемијата.