ВИДЕО| Во „котелот“ во Луганск до 16.000 украински војници, од „Азовстал“ се предале 260

Групација од 15.до 16.000 украински војници и странски платеници се наоѓаат во ткн „котел“ во близина на Сверодонецк и Лисичанск во одметниот проруски источен украински регион Луганск чија цел е уништување на цивилната инфраструктура, процени во вторникот Виталиј Киселев, помошник министер за надворешни работи на самопрогласената Луганска Народна Република.

Како што наведе во изјавата за руската државна телевизија, главната цел на споменатата групација на украинските вооружени сили е да се заплашува тамошното цивиклно население и да се уништува инфраструктурата со цел за тоа да биде обвинета Москва.

„Најважната задача (на украинската војска) е да се уништи инфраструктурата неопходна за одржува на животот… Да се урне што е можно повеќе, да се нанесе штета и потоа сиот товар да за обновата да се стави на Руската Федерација. Тоа е нивната задача,. Да се заплаши цивилното населние за да го чувстуваа стравот уште долги години“, истакна Киселев.

Додаде дека на овие војници, судејќи според сѐ, им било наредено да не отстапуваат и да се повлечат кон внатрешноста на Украина.

„Исто како и кога ги заробувавме во Рубежное, велат дека повеќепати се обраќале до својата команда, но им били забрането да излегуваат од областа и им било кажано да останат таму до смрт. А високите команданти побегнале одамна, пред еден месец, ни рекоа“, рече Киселев.

Истовремено, челниците на другата проруска самопрогласен „народна република“ во Донецк, објавија дека во вторникот се предале речиси 260 украински војници, од кои над 50 ранети, од опколениот металуршки комбинат „Азовстал“ крај стратешки важниот пристанишен град Мариупол кој повеќе од еден месец е под контрола над руските и проруските сили.

„Вкупно се предоа 256 украински милитант од теруторијата на металуршкиот комбинат ‘Азовстал’ во Мариупол. Меѓу заробените има 51 рането лице“, објави штабот на силите од Донецк на социјалните мрежи.

На видео-материјалите од предавањето на украинските војници се прикажани и кадри на пружање на медицинска помош на ранетите.

Претходно во понеделникот руското министерство за одбрана објави дека е постигнат договор со украинските војници опколени во подземните утврдувања во Азовстал за евакуирање преку безебеден коридор на ранетите се префрлуваат во Новоазвоск, на територијата што ја контрилираат проруските сили од Донецк.

 

На Украина ѝ требаат „живи украински херои“

Украинската страна извести дека во вторникот од „Азовстал“ биле евакуирани 53 тешко ранети украински војници кои биле одвезени во Новоазвоск, а 211 украински војници биле пренесени во Еленовка, исто така, во Донецкиот регион преку хуманитарниот коридор.

Меѓутоа Киев инсистира дека „ја препушта контролата над Мариупол“ каде што руската опсада „го урнисала градот целосно и убила десетици илјада луѓе“.

„Гарнизонот ‘Мариупол’ ја исполни својата борбена задача. Врховната воена команда им нареди на командантите на единиците стационирани во ‘Азовстал’ да ги спасат животите на персоналот… Бранителите на Мариупол се херои на нашето време“, се тврди во соопштението на Генералшабот на Вооружените сили на Украина со кој се најавува „евакуацијата“ која всушност значи предавање на војниците.

Заменичката на украинскиот министер за одбрана Ана Малиар потврди дека 53 тешко повредени украински војници се префрлени во болницата во Новоазовск а уште 211 војници се пренесени во Еленовка.

„Ќе следи потенцијална размена на сите евакуирани украински борци и руски заробеници“, дададе Малиар.

Украинската војска објави и дека „траат напорите за евакуакција на преостанатите борци“ во челичарницата „Азовстал“. Додава дека не е познат нивниот точен број, но верува дека таму има уште околу 600 украински борци.

Според приближните процени на проруските сили, на територијата на огромниот фабрички комплекс во моментов има уште околу илјада украински борци, откако на почетокот од блокадата на „Азовстал“ двете страни соопштуваа дека 3.500 украински борци и странски платеници се утврдиле во челичарницата. Досега, според објавените информации, доброволно се предале над 1.500 припадници на поморската пешадија на украинските вооружени сили, а биле заробени повеќе групи странски платеници кои се обиделе да се извлечат од опкружувањето кон териториите под контрола на властите во Киев.

„Се надеваме дека ќе можеме да ги спасите животите на нашите момчиња. Меѓу нив има и тешко ранети. Им се пружа помош. На Украина ѝ се потребни живи украински херои“, изјави во ноќното обраќање украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Минатата седмица челниците на украинските вооружени сили ја отфрија можноста за изведување операција за извлекување и спасување на војниците и другите борци од челичарницата „Азовстал“, бидејќи офанзивата против руските војски би чинело многу човечки животи.

Киев се обраќаше до разни организации за помош при евакуација на ранетите. Верешчук претходно во средата објави дека Киев ѝ предложил на Москва тешко ранетите борци од „Азовстал“ да бидат разменети за руските воени заробеници и додаде дека „договорот сѐ уште не е постигнат …. преговорите продолжуваат’.

Сопругите на опколените борци од „Азовстал“ со протести бараа да се помогне во нивното извлекување, а во средата папата Франциск разговрараше со Катерина Прокопенко, сопруата на Денис Прокопенко, командантот на баталјонот „Азов“’ формиран со средства од украинските олигарси во 2014-та од припадници на екстремните националистички движења како на пример Десен сектор, како и со Јулија Федојук чијшто сопруг, исто така, е утврден во опкружувањето во „Азовстал“. Жените бараа од папата помош за спасување на нивните сопрузи и другите војниици.

Командатнтите на украинските борци неодамна преку видео браќање од подземните коридори во „Азовстал, исто така, бараа помош од Киев и меѓународната јавност за извлекување опишувајќи ја ситуацијата како драматична, но и порачаа дека предавањето не доаѓа предвид, бидејќи не веруваат дека руската војска ќе ги поштеди и порачаа дека ќе се борат до смрт.

Украина пред две седмици бараше од Лекари без граници (Médecins Sans Frontières – MSF) да организира мисија на евакуација и згрижување на војниците од „Азовстал“.

 

https://www.youtube.com/watch?v=Tb2Y9vQsDXA