ВИДЕО| Во падот на авионот во Татарстан загинаа 16 луѓе, шесте преживеани тешко повредени

Во падот на мали авиотн во неделата во близина на база во близина на Мензелинска во регионот Татарстан, загинале 16 лица, а шестмина повредени се во тешка состојба, соопшти министерството за здравтво, пренесе агенцијата РИА.

Претходно агенцијата Интерфакс јави дека во падот загинале 19 лица а оти три се поврддени, како и дека во авионот се наоѓале вкупно 23 лица.

Во авионот била група падобнраци, соопшти тамошното министерство за вонредни состојби. Седум лица се живи извлечени од остатоците, наведува агениата ТАСС и додава дека меѓу загинатите се двајцата пилоти.

Станува збор за авионот од типот „L-410 Turbolet“, двомоторен транспортет авион со кус долет.

Руските безбедносни стандарди во воздухопловството последните години се значително подобрени, но несреќите особено со стари летала во оддалачените делови од земјата не се реткост.

Постар транспортен авион од типот „Антонов Ан-6“ се урна во септември на крајниот исток на Русија, кога загинаа шест лица. Сите 28 луѓе во двомоторниот „Антонов А-26“ загинаа во јули во пад на Камчатка.