(ВИДЕО) Водителка се сокри под маса додека дрмаше земјотресот во Калифорнија

Водителката на програма на ТВ „Си-би-си“, што се емитува во живо, дисциплинирано одлучи да се сокрие под масата за време на земјотресот од 7,1 степен што ја погоди Калифорнија.

„Чувствуваме многу силен земјотрес. Мислам дека треба да одиме под маса“, вели водителката Сара Дончеј од студиото во Лос Анџелес, држејќи го за рака својот колега и стравувајќи да не им падне нешто врз главата.

Земјотресот се случи во петокот вечерта по локално време и беше втор најсилен земјотрес што ја погоди Калифорнија во изминатите два дена, а најсилен во последните две децении. Потресот бил почувствуван и во Лос Анџелес, на околу 250 километри од епицентарот.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=12&v=W_-UKPfDYow